Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Турција за соработка во областа на земјоделството потпишаа во четвртокот во Анкара, македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и турскиот министерот за храна, земјоделство и сточарство, Мехди Екер. Предвидено е да се формира комитет за управување во земјоделството кој во иднина редовно ќе се состанува за разгледување на моменталната состојбата како и носење на одлуки кои ќе се спроведуваат. Димовски информираше дека согласно меморандумот, соработката меѓу двете земји ќе се реализира во областа на растителното производство, производството и обработката на суров тутун во лист, сточарството, рибарството и аквакултурата, органското земјоделско производство, прехранбената индустрија, истражувањето, руралниот развој, шумарството како и други области.
Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Турција за соработка во областа на земјоделството потпишаа во четвртокот во Анкара, македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и турскиот министерот за храна, земјоделство и сточарство, Мехди Екер.
Предвидено е да се формира комитет за управување во земјоделството кој во иднина редовно ќе се состанува за разгледување на моменталната состојбата како и носење на одлуки кои ќе се спроведуваат.
Димовски информираше дека согласно меморандумот, соработката меѓу двете земји ќе се реализира во областа на растителното производство, производството и обработката на суров тутун во лист, сточарството, рибарството и аквакултурата, органското земјоделско производство, прехранбената индустрија, истражувањето, руралниот развој, шумарството како и други области.
Оваа соработка ќе се реализира преку размена на искуства, информации, експертска помош, студиски престој и стручни обуки, семинари, симпозиуми, саеми и конференции, но и во други форми на техничка соработка, рече Димовски.
Тој му се заблагодари на министерот Екер за досегашната поддршка и истакна дека двете земји имаат заедничко минато кое ги поврзува а особено го истакна фактот дека Турција е земја пример кој многу бргу се развива, посебно во областа на земјоделството од каде може многу да се научи.
На заедничката прес конференција министерот Екер рече дека Балканот и земјите во него за Турција претставуваат порта кон Европа и оттаму големото значење кое го има Балканот за нивната земја.
Тој истакна дека е потребно да се зајакнат меѓусебната соработка помеѓу овие земји и Турција а од посебно значење ја истакна соработката со Македонија. Во врска со поддршката кон Република Македонија, Екер истакна дека таа ќе продолжи и во иднина а особено техничката поддршка.
Истовремено Министерот Екер напомена дека двете држави во сите области ја имаат зајакнато меѓусебната соработка а доказ за тоа е тоа што во 2012 година меѓусебната трговска размена изнесува околу 378 милиони долари додека соработката во земјоделството изнесува 27 милиони долари.